Руската компанија „Газпром експорт“ не планира да продолжи да продава гас во Европа на својата платформа за е-трговија ЕТП и нема закажано трговски сесии за оваа недела, се гледа од трговскиот календар објавен на веб-страницата на компанијата.
Последните тргувања на „Газпром“ на ЕТП се случија пред повеќе од два месеци, а последната трансакција беше склучена уште порано – пред речиси три месеци, на 13 октомври 2021 година, и оттогаш нема никакви податоци за продажбата на гас.
Заменик-извршниот директор на „Газпром“ и извршен директор на „Газпром експорт“, Јелена Бурмистрова изјави дека компанијата „не може да даде насоки за времето и обемот на дополнителни количества гас на својот ЕТП“.
„Гаспром Експорт“ е наменет за продажба на природен гас на европските потрошувачи како додаток на снабдувањето со среднорочни и долгорочни договори.
Продажбата на гас преку ЕТП почна кон крајот на септември 2018 година. Во 2020 година на оваа платформа беа продадени околу 27 милијарди кубни метри гас.
Пред Нова Година рускиот претседател Владимир Путин предупреди дека сибирскиот енергенс кој пристигнува од гасоводот „ Јамал“ преку Белорусија и Полска во Германија, последните денови станал предмет на скапи препродажби по повеќекратно повисоки цени.
– Ја сменија рутата на движење на сибирскиот гас преку гасоводот „Јамал“ наназад. Со други зборови, по пристигањето во Германија-назад во Полска. Зошто? Едноставно, затоа што ние и испорачуваме гас на Германија по цена склопена со долгорочни договори и таа цена е 4,6 па дури и 7 пати пониска од оние на дневните берзи, истакна Путин.
Во меѓувреме Агенцијата ТАС објави дека препродажбата на милијарди кубни метри гас би можела на инволвираните да им донесе заработка од фантастични 900 милиони долари, пишува „Политика“.
Путин оваа препродажба цени дека се насочува кон Украина и дека станува збор за 3 милиони кубни метри енергенс кој на дневна основа може да се одлее во правец, спротивен од договорениот тек, зашто во Полска постоел гасен јазол , поради што шефот на Кремљ, бил уверен дека се користи за илегални испораки на гас кон оваа земја.
Во Берлин во петокот беше објавено дека владата постигнала договор за сертификација на гасоводот „Северен Тек 2“. Канцеларот Олаф Шолц, призна дека во минатото имало несогласувања за ова, но дека биле надминати и дека сертифицирањето требало да се одвива според гасниот правилник на ЕУ. Засега не е познато кога ќе се случи сертифицирањето и кој ќе биде клучниот критериум на германската енергетска мрежа, се наведува во текстот на „Политика“.