714
Македонскиот фудбалер од средниот ред на Наполи, Елиф Елмас го привлече интересот на водечките шпански клубови.
Според „La Gazzetta dello Sport“, 22-годишниот Македонец го следат Реал Мадрид и Барселона.
Од претставниците на мадридскиот клуб посебно внимание на Елмас му посветува тренерот Карло Анчелоти, кој соработуваше со нашиот репрезентативец во Неапол.
Елмас исто така е во плановите на Барселона, која почнува реконструкција на тимот под водство на новиот тренер Чави.