Газдите на кумановско „ЗИК Скачковце“ осомничени дека предизвикале лажен стечај

by fokus

Против сопственикот и управителот на акционерското друштво „ЗИК Скачковце“ се поднесени кривични пријави за сторени кривични дела „фалсификување или уништување деловни книги“, „оштетување или повластување на доверители“ и „лажен стечај“.

Сопственикот на акционерското друштво, 51-годишниот М.П. се товари дека се стекнал со противправна имотна корист од 3.095.000 денари, и дека заедно со 67-годишниот М.Џ. управител на фирмата, предизвикале штета на доверителите на  АД „ЗИК Скачковце“ за вкупен износ од 11.889.516 денари.

Со кривичната пријава е опфатен и 50-годишниот кумановец А.Е. кој, пак, се сомничи дека се стекнал со противправна имотна корист од 1.194.316 денари.

„Пријавените како сопственици и управители на АД „ЗИК Скачковце“, во текот на работењето вршеле дејствија со цел создавање на долгови на сметка на правното лице по основ на данок на додадена вредност и данок на добивка, како и нараснати обврски за плаќање. За таа цел, го формирале правното лице ДПЗТУ „РОЈАЛ ОРГАНИК“ ДОО Скопје, на кое му се отстапени на располагање обработливото земјоделско земјиште да го користи под концесија и целокупната механизација, а за возврат истото, да ги исплати сите доспеани обврски кон АД„ЗИК СКАЧКОВЦЕ“. Со намера да придизвикаат лажен стечај на АД„ЗИК СКАЧКОВЦЕ“, издадени се фиктивни фактури, по што донесено е решение за отворање на стечајна постапка. За да го прикријат незаконско работење изготвиле фактури со испратници за наводна продажба на анасон од жетвата 2016 година од магацините на АД „ЗИК Скачковце“, велат од полицијата.

 

Поврзани новости