Полицијата денес ги објави сите детали околу вчерашната масовна тепачка на плажата „Немо“ во Охрид, во која беа приведени седумина.
Според полицискиот билтен, се започнало околу 10.30 часот кога започнала расправија и тепачка помеѓу Д.Г.(57) од Охрид (кој стопанисувал со тобоган и шанк на плажата) и И.К.(33) од село Прељубиште (вработен на шанк со кој стопанисува А.Б.(52) од Охрид. Потоа во 11.45 часот, И.К. заедно со А.Б. и К. Ј.(39) од село Студеничани, дошле на локацијата со која стопанисува Д.Г., на која биле присутни и А.М. од село Велгошти, З.Ј.(25) и Д.Н.(26) и двајцата од Охрид и истите физички ги нападнале, при што К.Ј. употребил нож, а А.Б. дрвена летва, информираат од полицијата.
Од нападот, А.Б. се здобил со расекотина во пределот на градите, З.Ј. со расекотини на главата и левата подколеница, а Д.Г. со расекотина на левата рака.
Од полицијата информираат дека повредените се згрижени во Oпштата болиница во Охрид.