Според најновите информации на угледниот весник „Газета дело спорт“, сопственикот на познатиот француски бренд „Луј Витон“, Бернард Арнаулт на лето ќе добие дел од сопствеништвото над италијанскиот гигант Милан.
Имено, тој ќе го купи клубот за 750 милиони евра кои ќе припаднат на американската компанија „Елиот“ во чии раце е сега тимот од Милано.
Главната ѕвезда на тимот, Златан Ибрахимовиќ знаел за ваквата ситуација и токму тоа било главен мотив за негово враќање во Милан. Исто така, би дошло до промена во структурите на клубот и би се вратиле Ариедо Браида, додека пак тренер би бил Масимилијано Алегри, кој во минатото ги водеше „росонерите“.
Иван Газидис би добил отказ од клубот, Звонимир Бобан би останал, додека пак иднината на легендарниот Паоло Малдини е неизвесна.
Со ваквиот сплет на околности би дошло до нови коренити промени во клубот, а се најавува вложување на големи финансии во фудбалски ѕвезди кои би го вратиле клубот од Милано на старите патеки после долги години.