613
Најверојатно од гнев, па и од немоќ, газдата на премиерлигашот Челси, Тод Боли донесе две шокантни одлуки по елиминацијата на неговиот тим во ЛШ.
Тој прво им ги намалил платите за 30 отсто на сите фудбалери кои во клубот дошле во зимскиот преоден рок.
Сепак, „пореволуцуионерна“ е втората одлука.
Американецот одлучил сите свои играчи – 32 во првиот тим, да ги стави на трансфер листа за јунскиот преоден рок.
Потврден е хаосот во клубот од „Стемфорд Бриџ“. Ова значи дека се она што се градеше долги години под водство на Роман Абрамович, за само една година може да се урне.
Челси во ерата на Русинот во два наврати беше европски шампион.