„Газа нема да стане Хамас-стан или Фатах-стан“ порача Нетанјаху

by Fokus

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел нема да ги „повтори грешките од Осло“ и призна дека има несогласувања за визијата за повоената Газа со американскиот претседател Џозеф Бајден.

– Длабоко ја ценам американската поддршка за уништувањето на Хамас и враќањето на нашите заложници. По интензивниот дијалог со претседателот Бајден и неговиот народ, добивме целосна поддршка за копнената операција и за ограничување на меѓународниот притисок за ставање крај на војната – рече Нетанјаху и додаде дека „има несогласување кога станува збор за „ден после“ Хамас“, пренесува „Тајмс оф Израел“.

Неговата забелешка за „грешката во Осло“ се однесува на Договорот од Осло од 1993 година, кој беше наменет како рамка за идните односи меѓу „Израел и идната палестинска држава, по решавањето на сите останати отворени прашања за конечниот статус на двете држави.

Тој рече дека Газа нема да „стане Хамас-стан или Фатах-стан“.

– По огромната жртва на нашите граѓани и борци, не можеме да ги пуштиме оние кои носат терор, поддржуваат терор, финансираат терор во Газа – рече тој.

Поврзани новости