„Ѓаволските ветрови“ се враќаат во Лос Анџелес, прогнозите се дека денеска ќе биде „најопасниот ден“

by Fokus

Смртоносните пожари кои беснеат во Лос Анџелес од минатата недела дополнително се влошија од топлите ветрови кои пристигнаа од пустината.

Пожарите сè уште беснеат, а оваа недела се враќаат таканаречените „Санта Ана“ или „Ѓаволски ветрови“.

Ветровите од Санта Ана се топли, суви ветрови кои дуваат од североисточен правец.

Тие ја зголемуваат брзината додека удираат во планините околу Лос Анџелес и предизвикуваат намалување на нивото на влажност, што дополнително го зголемува ризикот од шумски пожари.

Иако иследниците сè уште утврдуваат како настанал пожарот, овие ветрови се во голема мера „виновни“ за шумските пожари кои се проширија во урбаното подрачје и срамнија со земја многу населби и ги претворија во пепел.

Додавање масло на огнот се ефектите од климатските промени, кои го прават времето уште потопло и посуво, создавајќи услови кои овозможуваат ширење на пожарите.

Лос Анџелес немаше значителни врнежи од дожд во изминатите осум месеци, дури и за време на оваа наводно повлажна сезона.

Во раните утрински часови минатиот вторник, метеоролошките служби издадоа предупредување за „особено опасна ситуација“.

Во текот на следните неколку дена, со брзина на ветерот на места достигнувајќи 100 милји на час, избувнаа уште пет пожари, кои изгореа најмалку 40.000 хектари.

Откако ветрот згасна во четвртокот, пожарникарите успеаја да изгаснат три пожари во текот на викендот.

Сепак, во понеделникот, двата најголеми пожари во Палисадес и Итон сè уште беснееја. Пожарот во Херст исто така бил сè уште активен, но речиси ставен под контрола.

Работите да бидат уште полоши, ветровите повторно зајакнаа во понеделникот, а метеоролошката служба издаде уште едно предупредување за „особено опасна ситуација“ од 4 часот наутро по локално време денеска до пладне, па се до среда.

Стравувањата од понатамошно уништување се зголемија бидејќи ветрот се закануваше да го промени напредокот што пожарникарите го постигнаа во контролирањето на пожарот.

„Вторник ќе биде најопасниот ден“, предупреди аналитичарот Денис Барнс на состанокот во неделата.

Издадени се предупредувања за областа Калабасас и ридовите Агура, планините Сан Габриел, брегот на Малибу и долината Санта Кларита.

„Се очекува критично време, следете ги сите известувања во случај на нови пожари“, соопшти метеоролошката служба.

Поврзани новости