„Ѓаволите“ го сакаат Солскјер и за наредната сезона

by fokus

Играчите на Манчестер јунајтед сакаат сегашниот тренер Оле Гунар Солскјер да остане во тимот и следната сезона.

Пред доаѓањето во МЈ, Солскјер работеше во Молде. Според договорот со норвешкиот клуб, по крајот на тековната сезона, тој треба да се врати во татковината.

Фудбалерите на Јунајтед сметаат дека 45-годишниот тренер донесе свежина во тимот и играта е значителното подобрена. Под негово водство, Манчестер постигна шест победи на исто толку натпревари.

Во моментов тимот од „Олд Трафорд“ е на шестото место на табелата во Премиер лигата.

Следниот дуел Манчестер јунајтед ќе го игра утре на свој терен против Брајтон.

Поврзани новости