603
Македонскиот бисер Елиф Елмас во вчерашната победа над Интер, беше по вторпат стартер во тимот на Наполи.
Стратегот на тимот, Џенаро Гатузо имаше пофални зборови за прикажаната игра на Елмас против „нероаѕурите“.
„Елмас може да игра и како крилен напаѓач, има сила и техника а земете го во предвид фактот дека тој може да напредува. Тој е играч кој дава 100% од себе и многу помага во играта во одбрана. Ги има сите карактеристики да биде голем играч.“ – изјави Гатузо.