800
Тренерот на Наполи, Џенаро Гатузо, по добивањето на противникот за осминафиналната фаза во Лигата на шампионите, рече дека без страв ќе влезат во пресметката со Барселона.
– Одличен тим, голем предизвик, две возбудливи средби. Ќе се сретнеме со Барселона без страв, е првиот коментар на Гатузо по добивањето на каталонскиот клуб за ривал во осминафиналето.
Првиот натпревар ќе биде во втората половина на февруари, додека реваншот ќе се игра во првата половина од март следната година.