711
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека ќе почне да им продава гас на „непријателските“ земји во рубљи, откако, како што рече, замрзнувањето на рускиот имот од страна на голем број западни земји ја уништи довербата на Москва.
Но, рече дека ќе ги почитува претходно потпишаните договори.
Русија состави листа на „непријателски“ земји, која првенствено се однесува на земјите кои воведоа санкции кон Москва. Тоа се ЕУ, САД, Британија, Канада, Јапонија, Норвешка, Сингапур, Јужна Кореја, Швајцарија и Украина.