Гаши за „Фокус“: Моите изјави за новото мнозинство се јасни

by fokus

Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши вчера изјави дека можеби нема да има ново мнозинство, но тие не се откажуваат како опозиција да ја срушат власта.

„Фокус“ денеска го праша што точно мислеше со тоа дека можеби нема да има мнозинство, односно дали некој од потпишаните пратеници се колеба дали да му даде поддршка на Христијан Мицкоски.

Гаши кусо ни одговори:

-Немам што да додадам или одземам од тоа што сум го изјавил.

На нашето барање да потврди дека изјавата дека можеби нема да има ново мнозинство не е извадена од контекст или погрешно протолкувана,  Гаши одговори дека неговата изјава е јасна.

-Тоа што сум го изјавил е јасно. Ако некој вади нешто од контекст, тоа е негова работа. Јас немам намера да дежурам демантирајќи секакви луѓе.

К.С.Б.

Поврзани новости