Гаши: Се борам за нов систем на вредности

by fokus

Претседателот на Алтернатива, Африм Гаши го оствари своето право на глас во избирачкото место 2506, во населбата Ченто во Скопје.

– Јас денес го искористив моето право за гласање, но веќе шест години како интелектуално човечко суштество се борам за еден нов систем на вредности кој е многу квалитетен во западните држави и мислиме дека цивилизациските текови треба да достигнат и кај нас. Сакам да ги охрабрам сите гласачи денес да го искористат своето право на глас да излезат на гласање, изјави Гаши.

Посочи дека како што тој гласал, според протоколите, убеден е дека и сите гласачи ќе можат без ризик да излезат на гласање.

– Ризикот за инфицирање од Ковид при гласање е сведен скоро на нула и затоа мислам дека е многу битно гласачите да излезат и одлучат. Овој ден е нивен и тие треба да одлучат кој ќе ја води државата во следните четири години, додаде Гаши.

Поврзани новости