124
Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, на последното Централно собрание на партијата поднел оставка за да може да биде кандидиран за претседател на Собранието, информираа од партијата.
Како што појаснуваат од партијата, на последната седница на Централното собрание на Алтернатива, одржана во четврток (23.05.2024 година), меѓу другото, се разговараше и за кандидатурата на Африм Гаши за претседател на Собранието на Република Северна Македонија. Бидејќи уставот на РСМ, член 67, одпределува дека претседателот на републичкото собрание не може да биде и претседател или функционер на политичка партија, велат од партијата.