Гаши: Ние сме посветени чувари на мирот и соживотот, граѓаните немаат никаква причина за вознемиреност

by Фокус

Претседателот на Собранието Африм Гаши се огласи по повод најновите обвинувања од страна на ДУИ пред седницата на Уставен суд за Законот за јазиците.

„Обидите за дестабилизација, кои доаѓаат од очајната албанска опозиција, додека како изговор ја имаат темата за албанскиот јазик, се неуспешни напори и соништа на политичари кои во отсуство на политичка понуда и бегање од одговорност, бараат спас во дестабилизација, создавање на граѓанско незадоволство и влошување на меѓуетничките односи.

Ова е причина да ги повикувам сите граѓани да не бидат жртви на овие обиди. Ова парламентарно мнозинство и оваа влада обезбедиле стабилност на меѓуетничките односи. Ние нема да дозволиме никој да го наруши тоа со што се гордееме како општество и како држава-меѓуетничката кохезија. Ние сме посветени чувари на мирот и соживотот, па затоа граѓаните немаат никаква причина за вознемирување“, напиша Гаши.

Поврзани новости