Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, во вечерашното гостување во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат, потврди дека на неговата партија ѝ било кажано оти Левица нема да биде дел од новото мнозинство.
Вистина е тоа, кога ни беше кажано дека ги имаме бројките, нам ни беше кажано дека нема да биде партијата на г. Апасиев дел од ова мнозинство. И ние, по оваа констатација, верувајќи дека ова е ситуацијата, влеговме во овој процес. Но, се докажа дека не е така. За нас беше многу поважно да се докажеме дека сме за рушење на власта каде е ДУИ, но тоа не се случи. Независно на резултатот, за мене како претседател на Алтернатива, заради гласачите, моите активисти, за мене беше многу важно јас да сум верен кон нив, кон Албанците, кон гласачите што не гласаа, за да бидеме на линијата која сме ја зборувале седум години. Затоа, во демократија, во Собрание каде има двајца пратеници избрани на демократски начин, вие немате право да негирате нечие право да биде во еден потпис со вас, да гласа како што гласате вие итн, рече Гаши.