0
Претседателот на Собранието – Африм Гаши го честита Денот на албанската азбука на кој, како што вели, „се потсетуваме на историски момент кој го означува крајот на Битолскиот конгрес и го отелотворува идентитетот на албанскиот народ“.
– Како претседател на Собранието на Северна Македонија, каде што Албанците се државотворен народ, овој празник и албанскиот јазик ги ценам како камен-темелник на општеството и етничката различност и се залагам да се обезбеди еднакво третирање и почитување на секое ниво на институционалното и општественото живеење. За мене како Албанец, овој ден претставува неразделива суштина на мојот идентитет, што ме прави горд. На сите Албанци насекаде низ светот, честит 22 Ноември – пишува Гаши во честитката.