Гаши: Може нема да има ново мнозинство, но не се откажуваме како опозиција да ја срушиме власта

by Fokus

„Покрената е иницијатива за рушење на актуелната власт. Ние како опозициска партија не можеме, а да не ја потпишеме иницијативата за рушење на власта. Sекоја опозициска партија има должност да го смени мнозинството, истакна лидерот на Алтернатива, Африм Гаши во гостувањето на ТВ Алсат.

„Ова е првиот чекор, исто така докажавме дека имаме 61 пратеник, а верувам дека во иднина бројката ќе се зголемува. Принципот на нашата партија е да се следи евроатлантскиот курс на земјата. Мора да се следат процедурите доколку има нова влада, ново мнозинство кое го следи евроатлантскиот курс, што не е отстрането од нашите интеграции во ЕУ, односно од основните принципи што ги имаме со нашите партии, но и што ги имаме дефинирано како држава. Секако дека можеби нема да има ново мнозинство, но да не се откажуваме од нашите партиски принципи“, вели Гаши.

Поврзани новости