Гаши, Касами и Меџити на важна средба во Стејт департментот

by Fokus

Лидерите на Европски сојуз за промена (ЕСП), Африм Гаши, Билал Касами и Изет Меџити како и советникот на косовскиот премиер Албин Курти за Северна Македонија, Беким Ќоку, денеска за време на престојот во САД, имаа важна средба во Американскиот Стејт Департмент, соопштија од партијата.

И на оваа средба, како што се наведува, било истакнато дека коалицијата ЕСП е на иста линија со интересот на САД во регионот на Западен Балкан.

„Во оваа прилика, лидерите на албанската опозиција ги информираа домаќините за политичките актуелности во Македонија, како и за конструктивната улога на коалицијата Европски сојуз за промени за демократизација на земјата и нејзина интеграција во ЕУ.

Поддршката на САД за Северна Македонија ја зајакнува нашата благородна мисија за борба против корупцијата и членството на земјата во ЕУ“ додаваат од ЕСП.

Поврзани новости