Крилото на Движењето Беса предводено од Африм Гаши денеска го обвини крилото на Беса предводено од Билал Касами дека е измама дека тие го добиле судскиот спор за Беса.
-По појавувањето на фалсификаторите на претходната документацијата на Движењето Беса, кои денес за јавноста се изјаснија дека наводно ја добиле легалноста на партијата, објаснуваме дека ова е само уште една измама од нивна страна. Станува збор за првостепена одлука, која е донесена врз фалсификуваните документи од претходниот правен застапник на Беса. Судскиот спор продолжува, најави Гаши.
Крилото на Гаши очекува Основниот суд набрзо повторно да се произнесе по одлуката на Управниот суд за фалсификување на документи и нивно поништување, а се очекува и разрешница од кривичната пријава доставена до Јавното обвинителство кон „фалсификаторот“. Според него, по ова би следела и промена на првостепената одлука.