587
Можеме да ви кажеме дека имаме напрадок, следуваат консултации во нашите партии, изјави вечерва лидерот на Алтернатива Африм Гаши по средбата со премиерот Зоран Заев.
Четиричасовната средба на Гаши и Заев, што се одржа во Клубот на пратениците, беше продолжение на преговорите за вклучување на Алтернатива во Владата и парламентарното мнозинство.
Во соопштението од денешната средба се додава и дека се очекува до крајот на оваа недела да се остварат потребните консултации низ партиите и да се обезбеди потребното усогласување со цел за постигнување договор за можна заедничка влада, која според двете страни, ќе треба да се посвети на предизвиците кои доаѓаат од пандемијата и глобалната енергетска криза.