Гаши: Граѓаните се незадоволни од политичката култура на пратениците

by Фокус

Граѓаните не се задоволни со нивото на политички дискурс и политичка култура што ја има во Собранието, а и да е добра мислам дека секогаш треба бараме повеќе, изјави претседателот на македонскиот парламент Африм Гаши, во врска со постапката за донесување Етички кодекс во Законодавниот дом.

Според Гаши, Етичкиот кодекс е начин на подигнување на нивото и тоа ќе придонесе за подигнување на достоинството на секој пратеник.

-Секогаш има потреба да ги подобриме нашите односи и подигнување на политичката култура. Ако лично оценувам, би ја кажал перцепцијата на граѓаните кои мислам дека не се задоволни со нивото на политички дискурс и политичка култура што ја има во Собранието, а и да е добра мислам дека секогаш треба бараме повеќе.

Јас сум задоволен од сите колеги во Собранието, но Етичкиот кодекс е начин на подигнување на нивото и тоа мислам дека ќе придонесе за подигнување на достоинството на секој пратеник поединечно, но и на Собранието како институција како една од најбитните институции во државата – нагласи Гаши.

Поврзани новости