470
Лидерот на Алтернтива, Африм Гаши кој беше дел од владината коалиција, а сега е во опозиција откако Алијанса за Албанците влезе во Влада, го условува гласањето на уставните измени.
Гаши во емисијата 200 на Алсат изјави дека и покрај додворувањата на Ковачевски, соработката со СДСМ е затворена работа.
То е песимист за процесот на уставни измени, додавајќи дека Ковачевски и Ахмети, освен политичкото самоубиство, ја убиле и европската иднина на државата. Тој додаде дека ќе ги поддржи уставните измени доколку се прифати нивниот амандман за борба против корупцијата.