Гаши доби нов мандат како претседател на партијата

by Fokus

Претседателот на Алтернатива Африм Гаши доби нов четиригодишен мандат, на конгрес на партијата којшто беше одржан денеска.

Тој по изборот им се заблагодари на сите членови на партијата и рече дека тоа е за него „голема чест и одговорност.“

„Мислам дека Алтернатива станува еден од најсериозните политички субјекти со намера да придонесе во севкупните политички процеси во државата“, изјави Гаши по одржувањето на конгресот.

Поврзани новости