347
Собранискиот претседател Африм Гаши вели дека албанскиот јазик мора да биде еднаков со македонскиот.
Како што вели, ако Уставниот суд правилно ги прочита Законот и Уставот, албанскиот ќе напредува!
„Албанците треба да бидат опуштени, бидејќи, ако Уставниот суд правилно го прочита законот и петтиот амандман од Уставот, ќе се унапреди употребата на албанскиот јазик во Македонија“, вели Гаши за весникот „Лајм“.
Ставот следува по најавата на Судот дека на почетокот на октомври ќе ги испитува иницијативите со кои се оспорува уставноста и законитоста на Законот за употребата на јазиците.