64
Не е точно дека сме потпишале декларација дека нема да влеземе во влада која нема да ги направи уставните измени. Со вакво тврдење во емисијата „360 степени“ на МРТ 1 излезе Африм Гаши, лидер на Алтернатива, која е дел од коалицијата „Вреди“.
Гаши додаде дека лидерот на ДУИ, Али Ахмети, сонува и дека бара начин како да остане на власт.
-Не е точно. Ако е точно, тој треба да го покаже тоа писмо. Каде е тоа писмо? Ако го има, нека го покаже. Тој читаше некое писмо што сме го виделе, циркулираше во одредени кругови, но нема наш потпис. Тој можеби ставил потпис, ама такви писмо нема. Тој си сонува, гледа ничин како да остане на власт, но Албанците му кажаа дека треба да оди во опозиција и треба да го прифати тоа. Завршена е играта“, вели Гаши.