Гарванлиев се најде на насловната страница на Њујорк Тајмс!

by fokus

Нашиот евровизиски претставник Васил Гарванлиев се најде на денешната насловна страница на светски познатиот медиум Њујорк Тајмс. Насловот на текстот објавен на насловната за него гласи – ,,Втора шанса, за да избегне да биде чудо со еден хит”, а потоа продолжува и на втората страница.

Текстот за Васил го потпишува Алекс Маршал, и се објавени фотографии од пробата на струмичанецот на евровизиската сцена и од видео записот за песната ,,Here I stand” со која тој ќе настапи во првата полуфинална вечер на 18-ти мај, шести по ред.

Во објавениот текст, тој раскажува за тоа како ја создал евровизиската песна, но и открива дека според него, Евровизија е еден вид на Олимпијада, кога е пеењето во прашање.

Гарванлиев и нашата делегација од петокот се во Ротердам. Годинава, поради скратување на трошоците, и делегацијата е во намален состав, а шефицата Мери Попова останала во Скопје.

-Спремен сум, мирен. Со Господ напред, заминувам во петок, изјави за ,,Фокус” музичарот еден ден пред заминувањето во Холандија.

Вики Клинчарова

Поврзани новости