Музичарот Васил Гарванлиев, кој беше наш евровизиски претставник во Холандија во 2021 година, ќе настапи на Интернационалната вечер на ,,Охрид Фест”, на втори септември.
Тој е еден од многубројните музички гости на јубилејното, 30-то издание на фестивалот, а најавува и промоција на неговиот прв албум, која ќе се случува во Скопје и Струмица, кон средината на септември.
Албумот ,,Васил” бил негов сон кој го подготвувал десеттина години, и кој бил мултимедијален спектакл и мост на три музички жанрови во еден: Балкан, оригинал поп и класика на 7 јазици со камерен оркестар, хор, танчери, светлосни/видео ефекти и наративи каде преку песна ќе ја раскажел својата имигрантска приказна.
Гарванлиев, кој по потекло е од Струмица, живее во Чикаго со неговиот партнер Џејсон. Таму има редовни настапи, а неодамна потпишал договор и се враќал на класичната сцена во 2024 како солист на Кармина Бруана.
Вики Клинчарова