Ја поддржуваме Северна Македонија во нејзиното барање и определба да биде полноправна членка на Европската Унија, уверува шпанскиот амбасадор Хозе Луис Лозано Гарсија во неделното интервју за РСЕ.
Тој не ја исклучува можноста дека во процесот на преговори може да се отворат и други барања од други земји членки, дури и доколку бидат усвоени уставните измени, од кои зависи одржувањето на Втората меѓувладина конференција.
-Назад во јули 2022 година, заклучоците беа усвоени врз основа на Договорот за пријателство и ова е дел од процес. А тој процес можам да кажам со задоволство дека преговорите беа отворени во јули 2022 година. За да продолжат постои јасен услов, а тоа е промена на Уставот и има потреба од тоа. Дали тоа ќе значи крај на пречките? Не сакам да пратам песимистичка порака, напротив.
Она што ние го кажуваме, но и другите ЕУ инстанци, од земјите членки е дека кога сте во процесот, за да се свика Втората меѓувладина конференција, треба да го исполните тој услов, односно да се усвојат уставните измени и тогаш работите ќе добијат друга насока. Можеби ќе има други услови и барања од други земји, но на крајот работите ќе добијат друга димензија и важност. Што ќе значи ова? Дали ова ќе биде последна пречка? Можеби ќе има многу други пречки, вели амбасадорот на Шпанија во интервјуто за Радио Слободна Европа.