Мостот „Беласица“ нема да биде пуштен во употреба наредната недела, вели за ТВ 24 преофесорот Михаил Гаревски, откако вчера градоначалничката Данела Арсовска изјави дека испитувањата завршиле, а мостот ќе биде пуштен во употреба наредната недела.
-Пуштањето на мостот во најголема мера ќе зависи од ЕСМ, односно демонтирањето на цевките за парно греење бидејќи без вадењето на цевките не може да се направи ниту таа дури да кажеме примарна санација. Која ќе се базира со торкретбетон – вели Гаревски.
Гаревски додава експертизата, која се уште се пишува и се очекува да биде готова идниот понеделник, во моментов покажува дека сепак нема да има потреба од зајакнување на мостот, но сигурно е според него дека мостот не може и не смее да се пушти во употреба.
-Откако ќе се направи санација, обично по правило би требало бетонот да зрее 28 дена и потоа треба да се направи пробно товарење како доказ дека мостот е во ред. Тоа товарење на мостот ќе биде со 60 тонски возила, ќе се направи тоа испитување што е стандардна процедура осоебно кога се опожарени мостовите и дури после тоа може да се пушти мостот – вели Гаревски.
Вчера, Арсовска на ТВ Сител изјави дека на мостот ќе треба да се направи одредена санација која се однесува на козметичко рефреширање.