407
Македонија и Грција треба да покажат храброст, политичка волја и флексибилност за да постигнат траен и заеднички прифатлив договор во спорот за името, порача амбасадорот на Британија во земјава, Чарлс Гарет, во интервју за телевизијата Сител.
-Но, морам да кажам дека реформите што владата планира да ги спроведе, енергијата и посветеноста што ги демонстрираат кон програмата за реформи е добар старт за придвижување напред, бидејќи покажува посветеност и убеденост дека реформите се неопходни и ќе се случат – истакна Гарет.