739
Британскиот весник „Гардијан“ во свој текст објави дека мирот на Балканот повторно е загрозен, а во својата анализа за состојбата во Европа, Велика Британија, ЕУ и Западен Балкан, се спомнува и Србија, каде претседателот Александар Вучиќ е наречен „Тројански коњ на Путин“.
„Силна заштита од Русија значи и дека тројанските коњи на Путин, како Унгарија и Виктор Орбан, Србија и Александар Вучиќ, треба да поодлучно да се спротивстават. Тука се поставува прашањето пред се за спроведување на основните законски обврски на членството на Унграија во ЕУ и статусот на Србија како земја кандидат за членство во ЕУ“, се пишува во текстот.