Гардијан: Груевски отворен за промена на името

by Фокус

Премиерот Никола Груевски изразил подготвеност за повторно отворање на дијалогот со Грција нагласувајќи дека било каква промена на името ќе биде ставена на рефередум, пишува денешен „Гардијан“. Според весникот, македонскиот премиер вели дека ќе биде отворен за промена на името на својата земја, зголемувајќи ги надежите за крај на еден од повеќето невообичаени дипломатски расправии во светот – 24-годишниот спорот со Грција.

– Ние сме подготвени да разговараме, да се отвори дијалог со нив, како и да се најде некакво решение. Ние би сакале што е можно побрзо да се оди на дијалог со Грција за изнаоѓање решение, а ако се најде решение треба да се организира референдум за да се изјаснат граѓаните дали го прифаќаат тоа решение или не- рече Груевски во интервју за Гардијан.

Гардијан исто така вели дека како опции се разгледуваат додавките „Горна“ или „Нова“ но дека засега се уште не постои согласност.

 

Поврзани новости