Гарантираната цена на производите ќе важи до петок, кога истекува владината мерка и од министерството за економија и Владата најавија дека нема да се продолжи.
Пазарните и трудовите инспектори од задутре ќе бидат на терен и за секое евентуално зголемување на цени што излегува од секоја нормална пазарна логика соодветно ќе реагираме, најави денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.
На новинарско прашање како ќе се гарантира дека од задутре кога завршуваат владините мерки за цените на прехранбените производи тие нема да се зголемат драстично, Битиќи порача дека секое неетичко однесување на кој био трговец ќе се казни на најсериозен начин.
Повторно повика да се изгласа законот за нефер трговски практики, а ако има потреба да реагират и Комисијата за заштита на конкурентноста и Организацијата за заштита на потрошувачите.
-Јас сум конзистентен, секое неетичко однесување на кој било трговец ќе се казни на најсериозен начин. Што тоа ќе значи знаеме од минатото. Сметаме дека конечно лекцијата е добиена, дека во државата освен добивање бизнис и креирање профит мора да имаме морал и етика кај компаниите. Сметам дека замрзнувањето на цената е една од мерките која не содветствува со пазарната економија, сметам дека треба да се вратиме во нормалните текови на живеење, а секако останува за бизнисмените и тие да се однесуваат соодветно. Државниот трудов и Државниот пазарен инспекторат веќе од задутре ќе бидат на терен и за секое евентуално зголемување на цени кои коишто излегуваат од секоја нормална пазарна логика соодветно ќе реагираме. Тоа нема да значи дека еве ако во Собранието нема разум за носење закон за нефер трговски практики дека ние нема да реагираме, изјави Битиќи.