Ганц: Сакам јасно да кажам, не ѝ продаваме оружје на Украина

by Fokus

Израел продолжува да ја исклучува можноста за доставување оружје на Украина и покрај руските напади со ирански борбени дронови, јави ДПА.

– Сакам јасно да кажам дека не ѝ продаваме оружје на Украина, нагласи синоќа израелскиот министер за одбрана Бени Ганц за радиото Кол Чаи.

Тој додаде дека во Украина се праќа само медицинска и хуманитарна помош и оти така ќе биде и во иднина.

– Јас сум министер за одбрана и јас сум одговорен за извозот на израелското оружје, подвлече Ганц.

Дел од украинските медиуми пишуваат дека украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулебо, во текот на вчерашниот ден, изјавил оти неговата земја треба да побара системи за противвоздушна одбрана од Израел, со цел да се брани од руските напади.

Поврзани новости