Ганц поднесе оставка како министер: Нетанјаху го блокира патот до победата

by Fokus

Еден од тројцата членови на воениот кабинет на Израел, Бени Ганц најави оставка.

Овој потег не претставува директна закана за премиерот Бенјамин Нетанјаху, кој сè уште ја контролира мнозинската коалиција во парламентот, иако се повеќе се потпира на неговите екстремно десничарски сојузници.

Ганц, министер без ресор и лидер на центристичката партија Национална унија, е дел од воениот кабинет формиран по нападот на Хамас на израелска територија на 7 октомври.

Неговото присуство го зголеми кредибилитетот на Израел кај меѓународните партнери, бидејќи Ганц има добри работни односи со американските официјални лица.

Ганц се смета за фаворит за формирање нова владејачка коалиција во случај на пад на владата на Нетанјаху и предвремени избори. Пред неколку дена Ганц изјави дека враќањето на заложниците од Газа е „приоритет“.

Поврзани новости