Ганка ја повикува Канческа-Милевска јавно да каже дали ќе гласа за уставни измени

by fokus

Претходничката на Елизабета Канческа Милеска, поранешната министерка за култура во владата на Љупчо Георгиевски, Ганка Самоиловска Цветанова, ја прашува сега актуелната пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ дали ќе гласа за уставни измени. Твитот на Ганка следи откако Канческа Милевска вчера од собраниската говорница порача дека е потребен национален консензус за ова прашање.

„Ја повикувам поранешната министерка за култура и пратеничка од редовите на ВМРОДПМНЕ, Елизабета Канческа Милевска јавно и недвосмислено да се произнесе дали ќе гласа за уставните измени! Барем толку и’ должи на македонската култура која ја застапуваше во изминативе 11 години!“, напиша таа на Твитер.

Канческа-Милевска вчера на расправата истакна дека е против начинот на кој е направен договорот со Грција, но сепак остави простор и услови да се дојде до усогласување помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости