Ганиу: Во ДУИ владее целосна анархија!

by Fokus

Градоначалник на Чаир и дел од т.н „Огнена група“ во ДУИ, Висар Ганиу во интервју за „Република“ вели дека „во статутот на ДУИ не постои самоисклучување, ниту пак ние сме изјавиле негде дека се самоисклучуваме од партијата. Ние мислиме поинаку, но не значи дека не сме сопартијци и членови на партијата“.

„Значи не сме исклучени. Бараме кадровски промени во партијата бидејќи оваа гарнитура на министри е најслаба откако постои ДУИ.Се правеше мобинг врз сите што се во Централното раководство а претходно почна и разрешувањето на сите директори што мислат исто како нас. На споменатиот состанок не се даде извештај зошто е формирана таа комисија, никој не отвори уста, дури ни претседателот. Директно се помина на гласање каде што се знаеше дека повеќе од членовите на централното раководство се директори и министри, а претходно тие што мислеа поинаку ги разрешија и на тој начин почнаа да прават мобинг и притисок врз сите членови за тоа гласање да помине така како што помина“ вели Ганиу.

Тој напоменува дека нивен главен фокус се Артан Груби и неколкумина министри.

„ДУИ не е истата партија и функционира поинаку од тоа што го знаеме од порано. Никогаш вака не сме ја гледале партијата. Ова е тотална анархија што владее во ДУИ, има различни изјави.Нас не нѐ канат во партијата, не одиме таму бидејќи во сите групи на „Вибер„ и „Ватсап“ нѐ избришаа. Имаа и два состаноци на кои не бевме поканети“ вели Ганиу и потенцира дека „нивната група има огромна поддршка меѓу членовите на ДУИ“.

„Поддршката е поголема од ние што мислевме.Каде и да одиме луѓето имаат силни притисоци, вработени но и тие што имаат приватен бизнис. Следат дури и фотографии кој со кого седи. Тоа не било никогаш навика на ДУИ. Секогаш бевме стабилен и сериозен субјект. Подршката е навистина голема, секој ден граѓани ни се јавуваат и не гледаат како глас за спас на партијата и да не ја оставиме ДУИ на погрешен пат“ смета првиот човек на скопската општина Чаир.

Вели дека во ДУИ никогаш немало одмазда, бркање од работа, разрешување…

„Кога ДУИ функцонираше на јаки столбови овие работи беа минорни и со ова никогаш не се занимававме и затоа имавме симпатии кај народот. Колку и да не е убаво кога некој те критикува тоа е допринос кон себеси да се поправиш. Но, сега се луѓе кои се во партијата се без никаква база како што е Артан Груби. Јас сум убеден дека тој во негова месна заедница нема да помине, а не да стигне до тоа ниво“ порачува Ганиу за „Република“.

Поврзани новости