Ганиу: Проблемот нема да се реши ако го изолираме само Чаир, мерките треба да бидат за цело Скопје

by fokus

Последната недела бројот на заболени е фрапантно зголемен, оценува градоначалникот на Чари Висар Ганиу. Ние преземавме мерки по сите препораки што ни беа дадени.  Тоа што беше под наша надлежност ние како општина максимално го направивме, тврди Ганиу во изјава за телевизија Телма.

Според него не ме може само Чаир да биде изолиран, затоа што тоа би значело отсекување и на општините Бутел и Шуто Оризари.

-Ние важевме за општина која имаше најмалку заболени, а пред завршувањето на Рамазанските пости имавме само тројца кои само со адреса се водеа во Чаир а не живееја таму. Не би сакал да прејудицирам и да навлегувам во анализи за кои како локална власт немаме ниту ингеренции, ниту пак имаме стручни луѓе кои тоа би го направиле.
Од денешните дијагностицирани со Ковид-19 само 4 или 5 живеат во Чаир, а остантите се во околните општини или населби. Овој проблем не го решаваме само со Чаир и ако се презема нешто мора тоа да биде направено заеднички за цело Скопје. Чаир е артерија преку која се поврзуваат и две други општини, Бутел и Шуто Оризари до каде сите патишта поминуваат преку Чаир, вели Ганиу.

Поврзани новости