Досегашните градоначалници на скопските општини Чаир и Шутооризари – Висар Ганиу и Курто Дудуш, се пред освојување на уште еден четиригодишен мандат.
Ситуацијата во Чаир е веќе извесна, со оглед дека, според досега обработените податоци, Ганиу од ДУИ има 11.600 гласови, а неговиот противкандат од ААА Беким Сали има 8.784 гласови.
Иако освои помалку гласови во првиот круг, сепак, градоначалникот на Шутооризари Дудуш во вториот круг засега има 3.003 гласови, додека неговиот противник Ферат Асан има 2.619 гласови.
Инаку, Дудуш на претходните избори беше избран како кандидат на СДСМ, која на овие избори одлучи да настапи со Асан.
Во таква ситуација, Дудуш стана кандидат на ЛДП и ДОМ, кои на овие локални избори одлучија да настапат самостојно, надвор од коалицискиот блок на СДСМ.