Гани: Заминав за да избегнам крвопролевање во Кабул

by fokus

Претседателот на Авганистан, Ашраф Гани, кој денеска ја напушти земјата под налет на талибанците кои влегоа во Кабул, вечерва се огласи преку фејсбук, објаснувајќи дека заминал за да избегне крвопролевање.

„Денеска сум пред тешка одлука, или да се соочам со вооружените талибанци кои сакаа да влезат во претседателската палата, или да ја напуштам оваа драга земја на која и го посветив животот бранејќи ја во последниве 20 години. Доколку голем број граѓани се соочат со уништување на Кабул, тоа ќе биде голема хуманитарна катастрофа во градот од 6 милиони жители. Талибанците успеаја да ме истераат и тие се во Кабул за да ги напаѓаат луѓето и целиот град. За да избегнам крвопролевање, одлучив да заминам“, напиша Гани на Фејсбук.

Инаку, талибанци денес влегоа и во претседателската вила, каде триумфалистички се фотографираа на неговото работно биро.

Поврзани новости