Гани рекол дека оди на состанок пред да побегне

by fokus

Откако талибанците пред два дена ја презедоа контролата врз Авганистан, Би-Би-Си денеска разговараше со поранешната пратеничка Елеј Ершад, која поранешниот претседател Ашраф Гани го нарече кукавица поради неговото бегство во соседен Таџикистан.

-Тој во неделата ја напушти претседателската палата со хеликоптер, а претходно на своите колеги им кажал дека оди на состанок со министерот за одбрана. Толку сум лута што не можам да опишам со зборови. Ги напушти луѓето и земјата. Не знам зошто му верував и гласав за него – рече Ершад.

Соработник на досегашниот претседател вчера изјавил дека авганистанските лидери го замолиле Гани да ја напушти земјата за да се избегне крвопролевање.

Поврзани новости