928
Авганистанскиот претседател Ашраф Гани, кој од завчера се наоѓа во егзил во Обединетите Арапски Емирати, денеска ги отфрли обвинувањата дека го напуштил Кабул со торба пари. Како што истакна тој, заминал за да спречи крвопролевање и воедно посочи дека преговара за враќање.
-Да останев ќе бев сведок на крвопролевање во Кабул – рече Гани во видео пораката објавена на фејсбук, додавајќи дека ги поддржува преговорите меѓу талибанците и поранешните високи авганистански функционери.
Авганистанскиот амбасадор во Таџикистан, пак, денеска обвини дека Гани со себе зел 169 милиони долари. Според него, бегството на Гани е „предавство на татковината и народот“.