758
Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ утрово соопшти дека Гана го повлекла признавањето на независноста на Косово.
Таа е 16-та држава која го повлече признавањето на Косово од јануари 2012.
„Таа е досега најголема земја кој тоа го направи, има 30 милиони жители, три пати е поголема од Србија. Гана беше и традиционален пријател на Југославија“, рече Дачиќ.