Ѓорги Галетановски неодамна стана директор на скопската Зоолошка градина. Во интервју за Фокус, тој говори за посетеноста на Зоолошката градина за време на неговото директорување, за новитетите што ги вовел како раководител на оваа институција, како и за идните планови.
Фокус Кои се вашите резултати од првото тромесечје како директор на зоолошката градина?
Галетановски Гледано во бројки на посетеност и буџет споредено со минатите јули август и септември, посетеноста е 2 и пол до 3 пати поголема. Но, сепак, најважно ми е што полека ја вративме хигиената на институцијата на завидно ниво, работиме на хигиената во живеалиштата на животните, на нивно реновирање и на сите нормални услови што треба да ги имаат. Тоа е и предуслов нашата зоолошка градина да стане полноправна членка на европската асоцијација на зоолошки градини Еаза. Паралелно работиме на внатрешниот изглед, т.е поставување на нова урбана опрема нови клупи, и изградба на нови забавни паркови.
Фокус Колкава е посетеноста и на што се должи толку зголемената посета за разлика од минатото?
Галетаноски Некаде околу 15.000 посетители неделно ја прават најпосетена институција во државата. И мислам дека клучен беше новиот тим. Целиот позитивен пи ар кој го води Тина. Како што знаете, во тимот како зоонегувател се вклучи Војо Иванов, експерт за рептили кој се обучува за работа за слоновите. Тој освои многу симпатии кај јавноста. Пред тоа започнавме една кампања за здрави и среќни животни каде што безусловно и секојдневно ја поддржуваат многу јавни личности, пејачи, спортисти, актери, фотомодели и која се уште трае. Тие глумат зоонегуватели и ја креваат свеста кај посетителите, воедно се и многу често присутни овде. Исто така, и детските претстави ивентите кои ги организираме секоја недела придонесуваат за зголемената посетеност.
Фокус Кога сме кај слоновите. На 29-ти ке бидат ли во Скопје?
Галетаноски Во сабота на 29-ти, слоновите ќе бидат пречекани од над 10.000 луѓе, и ќе биде отворено нивното царство Африка.
Фокус Што е следно?
Галетаноски Следно е доградбата на новите живеалишта на шимпанзата кои во заедница треба да пристигнат ноември, паралелно реновирање на останатите живеалишта, да донесеме нови животни и еден нов голем проект на пролет.