До редакцијата на „Фокус“ пристпгнаа неколку фотографии од сопственикот на автомобилот кој вчера беше погоден со заскитан куршум во село Батинци, општина Студеничани.
„Во периодот од 17:30-18:30, додека се спремав за на работа, мојата кола беше погодена од заскитан куршум. Во тоа време во дворот на семејната куќа каде што е паркиран автомобилот беа моите три малолетни деца и мојот брат. Случајот е пријавен сабајлево-денеска (21.09.18) во истиот момент кога го пронајдов зрното во дворот, на телефонскиот број 192. Излезе увидна екипа од полициска станица Драчево и крим техника. Се пука од огнено оружје скоро секој ден летово, но најинтензивно во четврток, петок, сабота и недела.. До сега никој не е санкциониран. Руски рулет е да се седи надвор кога има свадба, сунет или некоја друга веселба – пишува сопственикот на автомобилот.