822
Време е! Нека почне Струмичкиот карневал“, објави кралот и почна карневалот.
Кралската свита, во која беа принцот и принцезата, придружувани од Струмичките мажуретки и Блек оркестарот на Струмица, кои со неформалната химна на градот „Под кулите на Струмица“, го означија почетокот на уште еден голем струмички карневал.
Пред голем број граѓани, премиерот Зоран Заев и неговата сопруга Зорица, повеќе министри во Владата на Република Северна Македонија, амбасадори и гости од земјава и странство, но и пред стручното жири, карневалските групи буквално експлодираа во своите настапи и со своите креации.
Фото: Томислав ГЕОРГИЕВ