ГАЛЕРИЈА Во Карпош вечер се штеди на струја, а преку ден светлата работат до 14 часот

by Fokus

Откако веќе неколку месеци, старо-новиот градоначалник на скопски Карпош, Стевчо Јакимовски воведе нов начин на штедење на струјата, поточно секој ден од 01 до 05 часот, оваа општина беше во тотален мрак.

Поради тоа, реагираа жители, кои се жалеа дека темнината им го нарушува безбедното движење во доцните часови и претставува погоден амбиент за криминалците.

„Итно да реагираме за уличното светло во Карпош, итно. Живееме како во некое село, секоја вечер таксисот ме чека да влезам во влез од страв, како во хорор филм е. Манијакот во Антико е повторно присутен и вчера нападнал девојче“, напиша на фејсбук жителка на Карпош.

Но, за разлика од тогаш, сега Карпошани имаат друг проблем. Без разлика што светлата во општината се гаснат повторно во еден по полноќ, тие според фотографиите со кои располага„Фокус“, работат до наредниот ден до 14 часот.

Многубројни реакции можат да се забележат и по групите посветени за проблемите на општината. Таму можат да се најдат фотографии, кои опишуваат се што се случува во оваа скопска општина.

Оттука, се поставува прашањето, на кој начин се штеди, ако Карпош вечер е во тотален мрак, а преку ден кога нема никаква потреба од светло, тоа работи до попладневните часови?

Погледнете ги фотографиите во прилог:

 

Поврзани новости