Вчеравечер во Драмскиот театар во Скопје традиционално по трет пат се одржа најголемото училишно шоу во Општина Карпош овој пат во ретро стил од 80-тите години.
Наставници заедно со учениците од 10 –те основни Карпошови училишта направија вистински спектакл танцувајќи и пеејќи во ритамот на најголемите светски хитови од 80 –тите.На сцената продефилираа преку 300 наставници ,ученици и родители со фантастични и оригинални точки.
Фасцинантно беше да се видат биолози,математичари,хемичари,информатичари , одделенци кои дневникот и кредата ги заменија со микрофон и артистички перформански кои предизвикаа бурни аплаузи и одушевување од бројната публика.
Наставниците со своите трансформации во Мадона, Мајкл Џексон, Патрик Свејзи, Фреди Меркјури, Синди Лопер ,Тина Тарнер и уште многу легендарни ретро музички легенди ,заедно со учениците покажаа дека се вистински професионалци и неверојатни таленти.
Во рамките на вчерашното шоу свечено беа наградени и наставниците во другите категории како најкреативен училишен двор, најинспиративна карпошова сторија и најуспешен проект.
Проектот 10-ка за Карпош е проект поддржан од Општина Карпош, носител на проектот е Фабрика продукција, а креатор и организатор Рената Поповска.